ЈАВЕН ПОВИК ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА НАБАВКА НА УСЛУГИ, со предмет: „ВТОРО ИСТРАЖУВАЊЕ НА СТЕПЕНОТ НА ЈАВНАТА СВЕСТ КАЈ ГРАЃАНИТЕ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ЗА ПОВРЗАНОСТА НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ И ПОЖАРИТЕ НА НИВО НА ПРЕДЕЛ“

Краен рок: 08.06.2026 година, Референтен број 03/08/405

Програмата за управувањето со пожари на ниво на предел во Западен Балкан ги поканува заинтересираните субјекти да достават понуди во затворен коверт на начин опишан во тендерската документација, не подоцна од 08.06.2026 година до 15:00 часот, адресирани до Програмата за управувањето со пожари на ниво на предел во Западен Балкан, ул Кичевска бр.1, 1060 Скопје, со назнака “За Јавен повик (Реф. бр. 03/08/405)”. Финансиската понуда да биде изразена во МКД (без ДДВ).

Тендерската документација за јавниот повик, вклучувајќи ги и критериумите за евалуација се достапни на следниот линк.

Заинтересираните понудувачи може да поставуваат прашања исклучиво во пишана форма на слeднава е-пошта: marija.andreevska@lfmwb.net најдоцна до 1.6.2026 година.

Програмската активност „Истражување на степенот на јавната свест кај граѓаните во земјите од Западен Балкан за поврзаноста на климатските промени и пожарите на ниво на предел “ се спроведува во рамки на Програмата за управувањето со пожари на ниво на предел во Западен Балкан, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation – SDC), координиран од „Фармахем” од Скопје.

Translate »