ЈАВЕН ПОВИК ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА НАБАВКА НА УСЛУГИ, со предмет: „СПРОВЕДУВАЊЕ НА КАМПАЊА ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПОЖАРИ НА НИВО НА ПРЕДЕЛ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН“

Краен рок 23.04.2025 година, Референтен број 03/08/296

Програмата за управувањето со пожари на ниво на предел во Западен Балкан ги поканува заинтересираните субјекти да достават понуди во затворен коверт на начин опишан во тендерската документација, не подоцна од 23.04.2025 година до 15:00 часот, адресирани до Програмата за управувањето со пожари на ниво на предел во Западен Балкан, ул Кичевска бр.1, 1060 Скопје, со назнака “За Јавен повик (Реф. бр. 03/08/296)”. Финансиската понуда да биде изразена во МКД (без ДДВ).

Тендерската документација за јавниот повик, вклучувајќи ги и критериумите за евалуација се достапни на интернет страната на следниот линк.

Заинтересираните понудувачи може да поставуваат прашања исклучиво во пишана форма на слeднава е-пошта: jasminka.andonovska@lfmwb.net најдоцна до 17.04.2025 година.

Програмската активност „Спроведување на кампања за подигање на свеста во рамки на Програмата за управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан“ се спроведува во рамки на Програмата за управувањето со пожари на ниво на предел во Западен Балкан, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation – SDC), координиран од „Фармахем” од Скопје.

Translate »