Програмата за управувањето со пожари на ниво на предел во Западен Балкан ги поканува заинтересираните субјекти да достават понуди во затворен коверт на начин опишан во тендерската документација, не подоцна од 13.05.2024 година до 15:00 часот, адресирани до Програмата за управувањето со пожари на ниво на предел во Западен Балкан, ул Кичевска бр.1, 1060 Скопје, со назнака “За Јавен повик (Реф. бр. 03/08/341)”. Финансиската понуда да биде изразена во МКД (без ДДВ).
Тендерската документација за јавниот повик, вклучувајќи ги и критериумите за евалуација се достапни на интернет страната на следниот линк.
Заинтересираните понудувачи може да поставуваат прашања исклучиво во пишана форма на слeднава е-пошта: jasminka.andonovska@lfmwb.net најдоцна до 07.05.2024 година.
Програмската активност „Воспоставување и управувње со социјални медиуми“ се спроведува во рамки на Програмата за управувањето со пожари на ниво на предел во Западен Балкан, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation – SDC), координиран од „Фармахем” од Скопје.